Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунер Солскјер стана непобедлив тим и денес освои нови три бода на незгодното гостување кај Лестер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ѓаволите“ подобро го започнаа дуелот на „Кинг Пауер“ и на самиот старт дојдоа до водство преку Рашфорд, после одличната асистенција на Пол Погба. До крајот на полувремето видовме неколку спорадични шанси на двете страни.
Во второто полувреме Лестер се обиде да дојде до израмнување, но одбраната на Јунајтед и Де Геа функционираа перфектно за нова победа на „црвените ѓаволи“.
Ова е седма победа на последните осум дуели за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, па се проби на 5-та позиција на табелата.