Дома Фудбал Италија На ѕидот од домот на Коларов се појавил графит: Ти си нечист Хрват!

На ѕидот од домот на Коларов се појавил графит: Ти си нечист Хрват!

Тензијата помеѓу навивачите на Рома после тешкиот пораз од Фиорентина со 7:1 не се смирува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ултрасите на Рома целиот свој гнев го насочија кон играчите. После натпреварот со Фиорентина беше нападнат и автобусот со кој се возеа фудбалерите на „волчицата“.

На удар се наоѓа комплетниот тим, но и поединци помеѓу кои е српскиот фудбалер Александар Коларов.

Италијанските медиуми денес пренесуваат дека непознати сторители за кои се претпоставува дека се навивачи на Рома на ѕидот околу куќата на фудбалерот направиле графити со кои му испратиле навреди на национална основа.

Еден за медиумите е посебно интересен.

„Коларов е нечист Хрват“, стоело на ѕидот со црн спреј и сигурно дека не се работи за грешка. Тие се добро упатени за односот помеѓу Србите и Хрватите, па затоа и на тој начин одлучиле да го провоцираат фудбалерот.

Покрај таквата порака стоела и порака: „Коларов спушти се на земја“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звездата на Англија се разболe пред четвртфиналето со Норвешка

Англиската репрезентација се соочува со здравствени предизвици пред четвртфиналниот дуел н…