Словенецот Лука Дончиќ не доби место на „Ол-Стар“ натпреварот, но затоа доби српскиот центар Никола Јокиќ кого тренерите го избраа да биде дел од резервите.
Дефинитивно никој не очекуваше Дончиќ кој од фановите доби повеќе од четири милиони гласови да не добие место помеѓу резервите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Јокиќ имаше причина за задоволство, но според пишувањето на српските медиуми останал прилично смирен.
„Мојата девојка дури и заплака од радост. Браќата исто така беа во делириум и почнаа да врескаат од радост за мене, додека јас бев во стилот: Луѓе, што ви се случува“, изјавил Јокиќ.
За Србија ова е прв пат после 15 години да има претставник на еден „Ол-Стар“ натпревар, претходно тоа беше Предраг Стојаковиќ.