Дома Фудбал Бразилецот ја воодушеви Шпанија: Чави „се врати“ на „Ноу Камп“! (ВИДЕО)

Бразилецот ја воодушеви Шпанија: Чави „се врати“ на „Ноу Камп“! (ВИДЕО)

Барселона убедливо ја победи Севиља со 6:1 во реваншот од четвртфиналето на шпанскиот куп откако во првиот натпревар изгубија со 2:0.

На оваа средба целиот тим на Барселона изгледаше перфектно, а со една маестрална асистенција се истакна младиот 22 годишен бразилски играч за врска, Артур.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 31-та минута од средба Ракитиќ постигна погодок, но немаше многу тешка задача после чудесното проигрување од Бразилецот.

„Артур го водеше каталонскиот оркестар како што некогаш тоа го правеше маестро Чави. Или тоа беше Чави кој се врати на „Ноу Камп“ во телото на Бразилецот?“, се запраша „Марка“.

https://youtu.be/jQ1T-DIz-EA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв гол по новото офсајд правило остварен во Канада. Дали следи фудбалска револуција?

Во Канадската Премиер лига, за прв пат беше постигнат гол по новото офсајд правило, познат…