Дома Фудбал Италија Спалети доби ултиматум – преговорите со Конте веќе започнати!

Спалети доби ултиматум – преговорите со Конте веќе започнати!

Италијанскиот тренер Антонио Конте во моментов е без ангажман и се поврзува со многу клубови, но најверојатно од следната сезона ќе се врати во Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека директорот на Интер, Бепе Марота со благослов од првиот човек на клубот, Стивен Жaнг стапил во контакт со Конте за да ја превземе клупата на миланскиот клуб на крајот од сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Токму Марота и го доведе Конте во Јувентус каде што ја започна доминацијата на Апенините, но јавна тајна е дека не се раздели во најдобри односи со Ањели. Често ја критикуваше управата, а единствен кој му чуваше грбот беше токму Марота со кој со задоволство повторно би соработувал.

Кариерата на Спалети во Интер е под знак прашалник и нема да биде доволно дури и да заврши во Топ 4. Раководството на клубот бара освојување на еден трофеј сезонава, во Купот или Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…