Дома Фудбал Англија Навивач на Јунајтед го тролаше Арсенал преку Википедија

Навивач на Јунајтед го тролаше Арсенал преку Википедија

lingard

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед пред неколку дена славеа на гости против Арсенал со 3:1 во рамките на ФА Купот.

Црвените ѓаволи ја продолжија одличната серија, а од доаѓањето на Солскјер ова беше осма победа по ред за овој тим. Јунајтед одигра одличен натпревар на Емирати и заслужено славеше, а на крајот во центарот на вниманието се најде Џеси Лингард.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лингард успеа да постигне еден погодок во овој натпревар и да го прослави со танц на легендарниот Мајкл Џексон. Поради тоа стана хит на социјалните мрежи, а подоцна и самиот со фотографија ги провоцираше навивачите на Арсенал.

Но, приказната не заврши тука, бидејќи еден од навивачите на Арсенал успеа да ги промени податоците на Википедија кај стадионот на Арсенал, каде за негов сопственик е ставен Џеси Лингард. Но, ова беше брзо променето, а фотографијата заврши на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…