Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е трет тим на светот по бројот на следбеници на социјалната мрежа Фејсбук.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал е многу популарен клуб како на фудбалска така и на кошаркарска сцена, но секако дека зачудува податокот дека на Фејсбук е попопуларен од скоро сите НБА тимови.
„Кралскиот“ клуб на популарната социјална мрежа има 15,9 милиони следбеници, а повеќе од него имаат само ЛА Лејкерс и Чикаго Булс.
Ова се најпопуларните кошаркарски клубови на Фејсбук.
1. ЛА Лејкерс 21,6 милиони
2. Чикаго Булс 17.9
3. Реал Мадрид 15.9
4. Мајами Хит 15.4
5. Голден Стејт 11.3
6. Хјустон Рокетс 10.9
7. Бостон Селтикс 9
8. Кливленд Кавалиерс 8.7
9. Сан Антонио Спарс 7.1
10. Оклахома Сити 7.1