Дома Останати Кошарка НБА ВИДЕО: Дерик Роуз блесна и во последните моменти донесе победа за Минесота

ВИДЕО: Дерик Роуз блесна и во последните моменти донесе победа за Минесота

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни само три натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемо внимание го привлече натпреварот помеѓу Минесота и Феникс.

„Волците“ беа фаворити на оваа средба, но и покрај тоа за победата стравуваа до последниот напад, кога поентираше Дерик Роуз за 116:114.

Во текот на целиот натпревар резултатот беше изедначен и во ниту еден момент ниту една од екипите не направи поголема резултатска предност.
Најефикасни во победничкиот тим беа Роуз со 31 поен и Тоунс со 30, додека кај Феникс се истакнаа Варен со 21 и Букер со 18.

Во останатите два натпревари Клиперси на гостински терен беа подобри од Сан Антонио со 95:103. Гостите беа подобри во текот на целиот натпревар, а клучната разлика ја направија во првата четвртина (26:38).

Харис со 27 поени беше најефикасен кај Клиперси, додека Олдриџ со 30 поени се истакна во редовите на Сан Антанио.

Во последниоте натпревар Индијана го победи Шарлот со убедливи 120¬:95.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…