Откако Гонзало Игуаин не се најде во составот на Милан за натпреварот против Џенова стана јасно дека Аргентинецот го напушта Милано и се сели во Лондон, во редовите на Челзи.
Челзи има проблем со ефикасноста и Маурицио Сари се надева дека ангажманот на Игуаин ќе го реши тој проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега на Островот се открива кога Игуаин ќе слета во Лондон. Според голем дел од англиските медиуми Игуаин во Лондон пристигнува утре, додека лекарските прегледи ќе бидат завршени најдоцна до среда.
Аргентинецот во Челзи пристигнува како позајмен фудбалер од Јувентус. „Сините“ наредното лето ќе можат да го откупат неговиот неговиот договор или пак да ја продолжат позајмицата на уште една година. На негово место во Милан сите го очекуваат полскиот голгетер Криштоф Пијатек.