Италијанскиот тренер Антонио Конте вчера се појави на Островот!
Конте вчера присуствуваше на натпреварот помеѓу Фулам и Тотенхем на „Кревен Котиџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова беше сосема доволно за медиумите на Островот да започнат да пишуваат за неговиот иден ангажман, а голем дел од нив најавуваат тренерска „бомба“.
Сега се тврди дека човекот кој мината сезона го водече Челзи ќе седне на клупата на Тотенхем!
Но, ова многу зависи и Маурисио Покетино за кого постои интерес од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. На Солскјер во Јунајтед му оди одлично и има „седум од седум“, додека пак Солари во Мадрид воопшто не е сигурен.
Дали во ваквите најави има вистина останува времето да покаже.