Дома Македонски спорт Лазаров после Русија: Да најдеме тренер кој ќе не научи да не промашуваме зицери

Лазаров после Русија: Да најдеме тренер кој ќе не научи да не промашуваме зицери

Македонија денес го запиша четвртиот пораз на Светското првенство, подобра од нас беше Русија.

Капитенот Кире Лазаров после натпреварот покажа незадоволство од реализацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Цело време ни се повторуваат исти работи. Голманот на противникот секогаш е најдобар против нас. Русија е квалитетна репрезентација, Франција се мачеше против нив. Нас треба да не загрижува тоа што не знаеме да реализираме, веројатно ќе треба да пронајдеме тренер кој ќе не вежба зицери“

„Дадовме максимум, но ни недостасуваат два-три посериозни играчи. Но ако сме паметни ќе извлечеме поука. Не смееме да си дозволиме нашите Македонци во иднина да не не гледаат на големи турнири“, изјави Лазаров после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…