Бројки кои не се за гордеење, напротив…
Ништо не му оди на Реал Мадрид од почетокот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не им помогна на „кралевите“ ниту тренерската промена кога Сантијаго Солари го замени Јулиен Лопетеги. Аргентинецот на стартот забележа неколку победи, но потоа на површина се појавија старите проблеми.
Педантните статистичари во Шпанија открија дека ова е најлошата сезона на „кралевите“ во последните 20 години, бидејќи само тогаш имале 10 порази во сите натпреварувањеа на полусезоната.
Само за споредба, Зидан изминатата сезона изгуби девет што значи дека Реал после пет месеци веќе има повеќе порази.
Во 2019 година Солари победи само на два од пет натпревари, а последниот натпревар кој го изгубија беше од Леганес (1:0) вчеравечер во Купот. Сепак, ако им е за утеха на „кралевите“ изборија пласман во четвртфиналето поради победата од 3:0 во првиот натпревар.
Дополнителни прболеми на Солари му создаваат повредите на: Бејл, Асенсио, Крос, Куртоа, Маркос Љоренте и Маријано..