Во НБА лигата изминатата ноќ беа одиграни шест натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Денвер одигра буквално беше уништен од актуелниот шампион Голден Стејт со резултат 142:111.
Екипата на Стив Кер со оваа победа сруши неколку рекорди и ги прескокна Наџентси на првото место на Западот.
Стеф Кари и Клеј Томпсон уфрлија по 31 поен, Кевин Дурант додаде 27. Малик Бизли ги предводеше Наџентси со 22 поени, еден помалку имаше Џамал Мареј, а Никола Јокиќ со 17 поени асистираше осум пати.
Овие два тима одиграа прва четвртина какква што никогаш претходно не е видена во светот на кошарката.
Неверојатни 89 поени уфрлија двете екипи за 12 минути, а гостите од Оукленд уфрлија 51 поен и поставија нов рекорд во НБА лигата по бројот на поени во првите четвртини! Притоа го соборија и рекордот за тројки во една четвртина – постигнаа 10 од 14 обиди.
На влезот во четвртината гостите влегоа фуриозна серија од 16:3 и веќе ја имаа победата во раце. Во продолжение Мајк Малоун им даде прилика на резервистите, Вориорсите и така продолжија да газат, па стигнаа до 30-тата победа.
Сега тие се лидери на Западот со скор од 30:14, Денвер има 29:14 и се наоѓа на втората позиција.
https://youtu.be/HjAkrZHuG8M
НБА резултати:
Индијана – Феникс 131:97
Филаделфија – Минесота 149:107
Атланта – Оклахома 142:126
Милвоки – Мајами 124:86
Денвер – Голден Стејт 111:142
Лос Анџелес Лејкерс – Чикаго 107:100