Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа го победија Тотенхем со 1:0, што беше 5-та победа по ред под водство на новиот тренер Солскјер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште една одлична партија прикажа Пол Погба, кој игра како „препороден“ после заминувањето на Мурињо.
Французинот беше во конфликт со „Специјалниот“, а сега не пропушта прилика да го „пецне“ Португалецот.
„Со тактиката и играта која што ја имавме претходно беше тешко да се направи било што. Јас не сум одбранбен играч и драго ми е што Солскјер го сфати тоа. На оваа позиција на која играм сега се чусвтвувам најдобро. Тренерот ми дава инструкции да одам во казнетиот простор и да давам голови. Конечно уживам во играта“, изјави Погба.