Дома Фудбал Реал Мадрид против Бетис победи, но „кралевите“ запишаа катастрофална статистика

Реал Мадрид против Бетис победи, но „кралевите“ запишаа катастрофална статистика

На крајот најважно за Солари е што Реал Мадрид запиша победа.

Реал Мадрид запиша важна победа против Бетис во Севиља, а на својот поранешен клуб му пресуди Дани Себаљос кој погоди од слободен удар во финишот од натпреварот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кралевите“ не блескаа, стигнаа до победата и тоа е единственото што е важно, но еден податок навистина „паѓа во очи“.

Екипата на Солари вчера имаше посед на топка од мизерни 26%, додека играчите на Бетис беа господари на теренот со дури 74%.

Кога во прашање се успешните додавања, пулените на Кике Сетиене запишаа 713 точни додавања, додека гостите од Мадрид имаа само 254.

Навивачите сигурно ќе сетат на епизодата на Фабио Капело и во мадритскиот клуб каде што ја освои титулата, но практично беше избркан зошто играше премногу дефанзивно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кеисуке Хонда на 40 години најде нов клуб!

Кеисуке Хонда, поранешен играч на Милан и јапонската репрезентација, ја продолжува својата…