Ливерпул денес се мачеше со Брајтон, но сепак во 22-то коло домаќинот оствари победа од 1:0.
Малата резултатска криза го зафати тимот од „Енфилд“ после поразот на „Итихад“ од Манчестер Сити и елиминацијата од Вулверхемптон во купот, но тимот на Јирген Клоп денес се врати на победничките патеки.
Mohamed Salah breaking the deadlock with a penalty won by himself. ? pic.twitter.com/qlH343gHXp
— . (@VintageSalah) January 12, 2019
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не им беше лесно во Брајтон, но победата ја обезбеди Мохамед Салах со голот од пенал во 50-тата минута. Така Ливерпул одново има плус седум во однос на Сити, со тоа што „граѓаните“ ги очекува натпревар против Вулвс.
Фулам со мајсторијата на Андре Шурле поведе на гостувањето кај Барнли уште во втората минута, но на крајот запишаа пораз од 2:1. Брајан и Одои си постигнаа автоголови во 20-тата и 23-тата минута.
Саутемптон со 2:1 славеше против Лестер, а со истиот резултат Вотфорд славеше кај Кристал Палас. Натпреварот помеѓу Кардиф и Хадерсфилд заврши без голови.