Дома Фудбал Италија Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Кристијано Роналдо е максимално опуштен и обвинението за силување не влијае на неговите настапи на теренот, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Португалецот е сконцентриран за претстојните натпревари на Јувентус и не се плаши од барањето на полицијата во Лас Вегас за приложување на ДНК примерок во врска со истрагата во САД, по тврдењата на Американката Кетрин Мајорга дека Роналдо ја силувал во 2009-та година.

„Случајот на Роналдо е личен и не е поврзан со фудбалот. На тренинзите го гледам целосно опуштен и сконцентриран“, изјави Алегри.

Јувентус во престојните денови го очекуваат два многу важни меча, најпрво со Болоња во Купот, а потоа мечот од Суперкупот на Италија против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oва ќе ги налути навивачите на Баерн: За идентична ситуација бил досуден пенал! (Видео)

Тимот на Баерн од Минхен претрпе пораз во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако беа…