Дома Фудбал Останато Катарските милиони го искушуваат Арсен Венгер

Катарските милиони го искушуваат Арсен Венгер

Еминентниот „Франс Фудбал“ пренесува дека Арсен Венгер наскоро би можел да му се врати на фудбалот и тоа во Катар.

Легендарниот Французин, доби понуда од домаќинот на Светското првенство да го презеде кормилото на тамошната репрезентација, но не е единствен кандидат за тоа столче.

Поранешниот стратег на Арсенал секако е главен кандидат за тоа место кое ќе има посебна тежина бидејќи оваа арапска држава е домаќин на следното СП кое се оддржува во 2022 година.

69-годишниот Французин засега не се огласува, но е јасно дека пребогатиот Катар може да го исполни секое негово барање, кога се финансиите во прашање. Венгер минатото лето после 22 години го напушти Арсенал, но потврди дека нема да оди во пензија и набрзо ќе му се врати на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ширер посочи ново име за клупата на Јунајтед: Тренерот што го крена Брајтон

Алан Ширер смета дека Фабијан Хирцелер треба сериозно да биде разгледан ако Манчестер Јуна…