Само три натпревари беа одиграни во НБА лигата изминатата вечер, а највозбудливо беше во натпреварот во кој Џејмс Харден го предводеше Хјустон до победа против Голден Стејт.
Одиграа Вориорси и Хјустон одличен натпревар, а на крајот Хјустон славеше победа после продолженија со 135:134.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Актуелните шампиони имаа победа во раката. Водеа со шест разлика на минута пред крајот, но тимот на Хјустон предводен од Харден стигна до изедначување 119:119, а промашија и шут за победа во регуларниот дел.
Во продолженијата се продолжи со одличната кошарка. Двата тима погодуваа скоро се, а на секунда пред крајот Џејмс Харден погоди тројка за 135:134. Се обиде Дурант да возврати, но не погоди, па Хјустон стигна до 22-та победа во сезоната.
Харден повторно беше фантастичен и оствари нов трипл-дабл учинок. Уфрли 44 поени, запиша 15 асистенции и 10 скокови. Одличен натпревар одигра и Клинт Капел кој постигна 29 поени и запиша 21 скок.
https://www.youtube.com/watch?v=VQ6r–_9ycU
Стеф Кари на другата страна уфрли 35 поени, додека Дурант и Клеј Томпсон уфрлија по 26 поени.
Денвер како гостин славеше против Сакраменто со 117:113.
Серијата одлични настапи ја продолжи шутерот од Колорадо Џамал Мареј кој уфрли 36 поени, а одличен беше и Никола Јокиќ со 26 поени и 13 скокови. На другата страна Бади Хилд уфрли 29 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=rzgzegNf_KI
Во третиот натпревар Сан Антонио на свој паркет го совлада Торонто со 125:107.