Дома Останати Жестока провокација: Ако го сретнеме Флојд на улица би добил тежок ќотек

Жестока провокација: Ако го сретнеме Флојд на улица би добил тежок ќотек

Флојд Мејведер во понеделникот експресно го нокаутираше младиот Јапонец, Теншин Насукава.

За таа борба тој си инкасираше голема сума, а после овој меч повторно е отворена можноста за борба против УФЦ шампионот Кабиб Нурмагомедов.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Менаџерот на Дагестанецот, Али Абделазиз во разговор за „ТМЗ Спорт“ истакна дека Флојд го моли за борба против Кабиб.

„Со Флојд се допишувам во последниот месец. Тој ме преколнува за борба со Кабиб. Му кажав дека е стар и дека телото му е слабо. Луѓето мислат дека сум луд, но навистина верувам дека Кабиб би го претепа. Тој мисли дека Кабиб е лесен плеј но тој е млад и многу поцрвст“, изјави Абделазиз и продолжи.

„Флојд не е борец, тој е спортист. Во УФЦ морате да бидете комплетен борец. Тој би добил тежок ќотек ако го сретнеме на улица, бидејќи не знае да се брани во таква борба. Нема храброст да влезе во таква борба. Од друга страна Кабиб е спремен да се бори каде било. Флојд тоа може да го прави само во боксерскиот ринг“, заврши менаџерот на Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…