Лучијано Спалети и понатаму ќе седи на клупата на Интер. Иако во последните денови се појави информација дека Жозе Мурињо може да се врати во клубот.
Мурињо неодамна се раздели со Манчестер Јунајтед и во овој момент е без ангажамн, додека Спалети е под голем притисок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мурињо? Не ме изненади што зборуваме за него во време кога сите други мораат да кажат нешто. Ние работиме на рационален начин. Нашиот проект со Спалети трае уште година ипол и се надеваме дека ќе продолжиме заедно уште многу години“, истакна спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио.
Интер во овој момент се наоѓа на третата позција во Серија А со 39 освоени бодови, а во Лигата на шампионите не успеаа да се пласираат во осминафиналето.