Шпанските и италијанските медиуми потврдија дека Милан и Севиља постигнале договор за трансфер на напаѓачот Луис Муриел.
Милан е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива на Игуаин и Кутроне, па се очекува во следните денови Муриел да пристигне во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумбиецот ќе пристигне на „Сан Сиро“ на позајмица до крајот на сезоната за која Милан ќе плати 500.000 евра, но ќе има право да го откупи следното лето.
Ова за Муриел ќе биде враќање во Серија А, каде претходно ги носеше дресовите на Удинезе и Сампдорија.