Дома Фудбал Италија Драма во Серија А: Поништен еврогол на Сампдорија во 92-ра минута, Јувентус стигна до победа!

Драма во Серија А: Поништен еврогол на Сампдорија во 92-ра минута, Јувентус стигна до победа!

Бранителот на титулата Јувентус денешениот драматичен натпревар против Сампдорија стигна до победа од 2:1

Натпреварот го отвори Кристиано Роналдо уште во втората минута со одличен погодок откако беше оставен еден на еден со противничкиот играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус беше подобриот тим на теренот, сепак Сампдорија успеа да стигне до изедначување од пенал во 33-тата минута од средбата. Главниот судија Паоло Валери во прв момент не се огласи, но после реакцијата на ВАР покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше ветеранот Фабио Кваљарела.
1:1 беше и резултатот со кој се замина на полувреме.

Во вторите 45 минути видовме нов пенал, овој пат спротивната страна. Овој пат Валери без прегледување на ВАР досуди пенал. Потоа ја прегледуваше снимката, но не ја промени ситуацијата.

Роналдо беше прецизен и погоди за 2:1. Сампдорија во финишот постигна погодок преку Сапонара, но истиот беше поништен, па Јувентус стигна до победа



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…