Дома Фудбал Меси: Кога видов кои се номинирани знаев дека немам шанса за Златната топка

Меси: Кога видов кои се номинирани знаев дека немам шанса за Златната топка

За најдобар фудбалер на светот оваа година е прогласен хрватскиот играч за врска Лука Модриќ. После изборот се појавија голем број на коментари за оваа одлука.

Мислењата се поделени. Едни тврдат дека играчот на Реал апсолутно ја заслужува наградата, додека други дека пред него ја заслужиле Роналдо или Меси.

Интересно е што Лео Меси, петкратниот освојувач на Златната топка не се појави на самата церемонија.

Аргентинецот сега во разговор за Марка одлучи за прв пат да открие зошто не се појави.

„Кога видов кои се номинирани, знаев дека немам шанса да ја освојам наградата. А не ме интересираше дали ќе бидам втор, трет или четврти. Не се надевав на ништо.“ – изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …