Дома Фудбал Италија Гатузо за можниот отказ: Им се случува и на други, па може да ми се случи и мене

Гатузо за можниот отказ: Им се случува и на други, па може да ми се случи и мене

Денес во рамките од 18-тото коло во Серија А екипата на Милан направи нов кикс ремизирајќи со тимот на Фросиноне (0:0).

Пред овој натпревар низ италијанските медиуми кружеа гласини дека Гатузо ќе мора да победи на овој и следниот натпревар (СПАЛ) да забележи победи за да си ја задржи работата, но веќе на првиот испит се „лизна“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гатузо е свесен за ситуацијата, но не е премногу загрижен.

„На противникот им ги подаривме првите 45 минути, жалиме за тоа и лути сме. Дали ќе бидам отпуштен? Тоа е дел од играта, се случува и на другите, така да може да ми се случи и на мене. Имам чиста совест“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За иднината на Салах се огласи и неговиот менаџер!

Ливерпул синоќа потврди дека Moхамед ќе го напушти Енфилд по завршувањето на тековната сез…