Дома Фудбал Англија Салах забранил Ливерпул да доведе играч поради политички причини?

Салах забранил Ливерпул да доведе играч поради политички причини?

Ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах наводно не дозволува Ливерпул да доведе засилување од политички причини.

„Црвените“ во претходните денови покажуваа интерес за доведување на Израелецот Моанес Дабур од редовите на Салзбург, но наводно тоа Салах не сака да го прифати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Египет има чуствителни односи со Израел. Односите помеѓу овие две земји се „затегнати“ со децении. Поради се она што се случувало во минатото, медиумите на Островот тврдат дека Салах не сака да биде во тим со еден Израелец.

На Островот одат толку далеку што некои медиуми пишуваат дека Египќанецот се заканил со заминување ако Дабур биде доведен. Иначе, станува збор за фудбалер кого скаутите на Ливерпул го следат подолго време и ги воодушевил со 20 погодоци на 30 натпревари.

Салах и во минатото одбивал да дели соблекувална со играч од Израел и претходно одбиваше да се поздравува со играчите кои доаѓаат од оваа земја.

https://www.youtube.com/watch?v=xTDM3SHUr6A

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите веќе се бесни: Погледнете како беа дочекани ѕвездите на Реал Мадрид против Леванте (Видео)

Во натпреварот против Леванте фудбалерите на Реал Мадрид го почувствуваа бесот на навивачи…