Како што сега стојат работите само две победи го спасуваат Ди Франческо.
Ако не победи утре против Сасуоло или за викендот против Парма, Ди Франческо многу веројатно ќе биде сменет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој остана на клупата после Јувентус, извесно е дека клубот од Рим нема решени, кандидатот на Мончи е Паоло Соуса, а Шпанецот не го сака Монтела кој не се покажа во Севиља.
Меѓутоа како што дознаваа италијанските медиуми би можеле да видиме големо изненадување и тоа во режија на Тоти и капитенот Де Роси. Нивни фаворит е Кристијан Панучи.
Поранешниот италијански репрезентативец сега е селектор на Албанија, но не му оди најдобро, работеше со Капело во Русија, потоа во Ливорно и Тернана.
Се проценува дека би ја прифатил понудата од Рома. Панучи за Рома настапуваше од 2001 до 2009 беше соиграч со Тоти и Де Роси во клубот и репрезентацијата, а со Рома освои два италијански купа.