Бившиот австралиски ракометар Калум Мунси ќе направи преседан во спортот бидејќи ќе стане првиот човек кој играл на Светско првенство за мажи и жени.
Калум играше за репрезентацијата на Австралија на Светското првенство во 2013 година, но во меѓувреме, во 2016 година го промени полот и стана жена, Хана Мунси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хана се истакнува со висина од 188 сантиметри и повеќе од 100 килограми, а со женската репрезентација тренира од април.
„Секогаш бев посебна. Поминав многу време во теретана и сфатив дека спортот ми помага на различни начини. Кога ја изгубив таа прилика светот ми се сруши, па е трудев да се вратам во спортот. Сега сум најсреќна жена на светот“, изјави Хана.
Меѓународната ракометна федерација даде согласност Хана да учествува на квалификациите за СП 2019. Тоа е можно бидејќи нејзиното ниво на тестостерон е под пропишаните граници.