Војчех Шчесни после заминувањето на Џанлуиџи Буфон стана прв голман на Јувентус каде што има предност во однос на Матија Перин.
Јувентус е тимот кој примил најмалку голови во Европа и изгледа дека Алегри со враќањето на Бонучи и ставањето на Шчесни на голот ја решил одбраната, но Шчесни нагласи и друга работа која според него е клучна за добрите резултати на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со доаѓањето на Роналдо, тимот сфати дека ако ние ја одработиме својата задача во одбраната, тогаш момците напред ќе направат нешто, ќе постигнат погодок“.
„Со напад каде што имаме играчи како што се Кристиано, Манџукиќ, Дибала и останатите секогаш можеме да сметаме дека ќе постигнеме погодок. Ако не примиме погодок во главно ги добиваме натпреварите“, изјави Шчесни во интервју за „Скај“.
Клубот од Торино веќе шест натпревари во низа е без примен погодок во Серија А, а во среда и гостуваат на незгодната Аталанта во Бергамо.