Mинатиот јануари Вирџил Ван Дијк стана најскапиот стопер со трансферот од редовите на Суатемптон во Ливерпул за сума од 75 милиони евра.
Сепак, иако ова беше огромна сума на „црвените“ овој потег им се исплатеше со оглед на стабилноста која ја донесе Холанѓанецот во последна линија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ван Дијк се покажа како супер засилување, па Клоп и Ливерпул сигурно не жалат ниту еден цент потрошен на неговите услуги. Клубот кој треба да жали во оваа ситуација (поради напредокот на Ван Дијк) е Арсенал.
Имено, „топџиите“ имале прилика да го доведат Ван Дијк во своите редови уште кога овој фудбалер настапуваше за Селтик во Шкотска. Холанѓанецот бил понуден на Арсенал за сума од 12 милиони евра, но клубот од Северен Лондон одбил да го ангажира со објаснување дека го сметаат за преценет.
Ова го откри Џон Колинс кој своевремено беше асистент менаџер во Селтик за „Беин Спортс“.
„Стив Роули во тоа време беше одговорен за скаут службата на Арсенал. Имаше можност да го доведе Ван Дијк во Арсенал, но сепак процени дека тој е фудбалер кој се однесува ноншалнтно на теренот. Тогаш можеше да го ангажира за сума од 12 милиони фунти“, откри Колинс.
https://www.youtube.com/watch?v=ZsTsYKZ0ICo