Новак Ѓоковиќ од јуни минатата година се наоѓа далеку од посакуваната форма, тој и во новата сезона тргна со многу осцилации, а самиот се надева дека пресвртница може да биде Мастерсот во Индијан Велс на победил пет пати.
„Сега сум еден од волците кои трчаат кон врвот. И гладен сум! Доколку не чувствував глад за освојување на трофеи немаше да бидам тука. Многу нешта сум остварил во кариерата и се гордеам со тоа, но немам намера тука да застанам. Сега имам повеќе самодоверба, посвеж сум. Со нетрпение ги очекувам мечевите, сега сум поинаков играч“, изјави Ѓоковиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Освојувањето на Ролан Гарос ми ја зеде енергијата, многу емоции потрошив. Морав да најдам мотивација бидејќи во титулата на Ролан Гарос вложив се, со неа ја остварив животната цел. Следуваше УС Опен, а потоа период во кој едноставно не бев вистинскиот, но сега се вратив и засега се оди според планот“, изјави српскиот тенисер.