Во осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу останатите ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Јувентус.
Пред овој натпревар свој коментар на оваа пресметка даде поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес кој денес настапува за кинскиот тим Саган Тосу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус според спортските медиуми е благ фаворит во овој двомеч, но Торес смета дека „старата дама“ треба да се плаши од Атлетико ако „јорганџиите“ играат онака како што знаат.
„Од што најмногу Атлетико треба да се плаши против Јувентус? Напротив, ако Атлетико игра како што знае и го покаже својот вообичаен менталитет тогаш Јувентус е тој кој треба да биде загрижен. Роналдо? Атлетико е тим кој не се плаши од никого, сигурен сум дека можат да го запрат“, изјави популарниот „Ел Нињо“.