Европската фудбалска унија (УЕФА) е известена дека навивачи на Челси извикувале антисемитски пароли во песни посветени на градскиот ривал Тотенхем, пренесоа британските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа се случи неколку дена откако беше покрената истрага за наводни расистички навреди за играчот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг на Стемфорд Бриџ.
УЕФА ќе ги сочека извештајот на судијата и делегатот на синоќешниот натпревар, пред да одлучи да покрене истрага. Обвинение против клуб главно се поднесува во рок од 24 часа.
Челси во Будимпешта одигра нерешено 2:2 против Види во последното коло од групната фаза и како првопласирана екипа се пласира во 1/16 финалео на ЛЕ.
Унгарската екипа заврши на третата позиција во Групата Л.