Дома Фудбал Лига на шампиони Обложувалниците со нови коефициенти: Ова се првите фаворити за трофејот во ЛШ

Обложувалниците со нови коефициенти: Ова се првите фаворити за трофејот во ЛШ

После завршувањето од групната фаза светските обложувалници објавија нови коефициенти за победникот во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Веќе три години, Реал Мадрид е тимот кој доминира во Европа и освои три титули во низа, но оваа година обложувалниците поради моменталната форма не веруваат дека „кралевите“ можат до четврти трофеј во низа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Реал Мадрид едноставно оваа година не истиот тим од минататите сезони, тоа го покажа и последниот убедлив пораз на „Бернабеу“ од ЦСКА Москва (0:3).

Оваа сезона прв фаворит за најпосакуваниот клупски трофеј во Европа е тимот на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити.

Обложувалниците на „граѓаните“ им доделуваат коефициент 4, зад Сити следува Барселона со 5.5, а потоа италијански Јувентус со 6.5. Петорката фаворити ја комплетираат ПСЖ со 8 и Ливерпул со 10.

Подолу следат Баерн со 11, па бранителот Реал Мадрид со коефициент 13…

За аутсајдер во нокаут фазата букмејкерите го сметаат Шалке кој е последен со коефициент 151.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…