Како што пренесува шпански „Мундо Депортиво“, Барселона одлучила да го казни младиот Осман Дембеле со 200.000 евра поради недисциплина.
Иако Французинот постигна фантастичен гол во натпреварот против Тотенхем во последното коло клубот не му ги заборава грешките.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дембеле во неделата доцнеше два часа на тренингот на Барселона која беше закажан за 11 часот наутро бидејќи се успеал.
Барселона одлучи да спроведе дисциплинската постапка и 21 годишниот фудбалер го казни со рекордни 200.000 евра.
Од „Камп Ноу“ не ги потврдиле овие информации со образложение дека тоа се работи само за внатрешноста на клубот.
https://www.youtube.com/watch?v=iOydLZzS5xk