Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на шампиони: Што на кого му треба? Сите калкулации!

Лига на шампиони: Што на кого му треба? Сите калкулации!

Пред нас е последното коло во групната фаза од Лигата на шампиони, па ние ќе ве потсетиме во каква ситуација се наоѓаат клубовите и што им е потребно за пласман во следната фаза.

Група А

Атлетико е прв со 12 бода и доколку сакаат да го освојат првото место треба да го победат Клуб Бриж на гости. Белгискиот клуб е на третото место и за нив овој меч нема резултатско значење.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На второто место во групата е Борусија Дортмунд со 10 бода, па „милионерите“ треба да слават во Монако, но и да чекаат кикс на Атлетико за да го освојат првото место во групата.

Група Б

Барселона е сигурно прва во групата, а ПСВ Ајндховен е последен, без шанси ниту за третото место. Битката се води меѓу Тотенхем, кој вечерва гостува на „Камп ноу“, и Интер, кој е фаворит на домашен терен со ПСВ Ајндховен. Двата тима имаат идентичен број на бодови, а Тотенхем е во предност поради поголемиот број на голови на гостински терен во меѓусебните дуели.

Група Ц

Групата на „смртта“ го оправда својот епитет и во моментов е најнеизвесна пред почетокот на последното коло. Наполи е на првото место и му гостува на Ливерпул, на кого му треба победа од 1:0 или било каква победа од два гола разлика за да се пласира во следната фаза.

На другиот меч ПСЖ и гостува на Црвена Звезда и со победа сигурно ќе се пласира во следната фаза, но во случај на „кикс“ ќе го чека исходот на мечот од „Енфилд“.

Група Д

Во оваа група ситуацијата е јасна. Порто сигурно е прв, а Шалке е второпласирана екипа и двете ќе одат во нокаут фазата. Галатасарај ќе го освои третото место ако слави на својот последен меч со Порто, или пак доколку Локомотив не дојде до цел плен против Шалке. Ако Галата и Локомотив завршат со ист број на бодови, во предност е турскиот клуб поради подобриот меѓусебен дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…