Дома Фудбал Македонец на Македонец ќе му суди во Лигата на Европа!

Македонец на Македонец ќе му суди во Лигата на Европа!

Овој четврток ќе продолжат возбудувањата во Лига Европа, а ова натпреварување носи една за нас интересна ситуација.

Имено, МОЛ Види за кој настапува нашиот Бобан Николов ќе се сретне со Челзи во натпревар кој е од исклучителна важност за унгарскиот тим.

Интересно е што на Николов ќе му суди најдобриот македонски судија, Александар Ставрев. На Ставрев ќе му помагаа Марјан Кировски, Дејан Костадиов, Димитар Мечкаровски, Дејан Јакимовски и Никола Караколев.

За Челзи овој натпревар нема преголема важност со оглед на тоа дека е првопласиран во групата со 15 бода, а потоа следуваат Бате Борисов и МОЛ Види со по шест, последен во оваа група е ПАОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал би го продал Ѓокереш во 2027 година, но само под еден услов

Шведскиот напаѓач ја загуби предноста во однос на Хаверц, а според новите информации, Арсе…