Дома Фудбал Италија Спалети: Ова е најважниот меч на Интер откако сум јас тука!

Спалети: Ова е најважниот меч на Интер откако сум јас тука!

Фудбалерите на Интер утре го пречекуваат тимот на ПСВ во одлучувачкиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони.

„Нероаѕурите“ мора да победат на овој меч, но во исто време да се надеваат дека Тотенхем нема да ја победи Барселона, во меч кој е без значење за Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спалети пред натпреварот истакна дека ова е најважен меч на Интер во ерата откако тој седна на клупата.

„Читав некои шпекулации за натпреварот помеѓу Барселона и Тотенхем, но сметам дека со тоа го навредувате клубот и фудбалерите. Јас верувам во професионалноста на Барселона. Ние треба да победиме против ПСВ, а не да мислиме на мечот Барса – Тотенхем“, истакна Спалети.

„Играчите треба да ја знаат важноста на секој меч. Сметам дека утрешниот е најважен за клубот откако сум јас тука. Го анализиравме противникот и мораме да победиме, немаме друга опција. Матијас Весино и Раџа Наинголан нема да бидат во тимот за овој меч“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…