Дирк Новицки живата легенда на Далас и светската кошарка измината ноќ стана шестиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 постигнати поени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најдобриот германски кошаркар на сите времиња го предводеше Далас до триумфот над ЛА Лејкерс 122:111 со 25 поени и 11 скокови.
„Диркенштајн“ ја игра својата 19-та сезона во Далас, а магоната цифра од 30.000 поени ја мина на почетокот на втората четвртина што предизвика делириум кај навивачите во „American Airlines“ центарот.
На оставрувањето на Новицки емотивно реагираше неговиот тренер, ментор и пријател, Холгер Гешвиндер, човекот кој е најзаслужен за неверојатната техника на германската легенда.
„Ова е помалку нереално, 30.000 поени, тоа е навистина многу. Ова беше едно нееројатно возење, а се надевам дека ќе има уште неколку кошеви пред полека да одјавам кон сонцето“, рекол Новицки.
Триесет и осум годишниот Новицки на вечната листа се наоѓа на шестото место со 30.005 поени, пред него се легендите Вилт Чембрлен (31.419), Мајкл Џордан (32.292), Коби Брајант (33:643), Карл Мелоун (36.928) и Карим-Абдул Џабар (38:387).