За прв пат уште од сезоната 2006/07 сите 20 тренери во италијанската Серија А и тоа откако што Цезар Прандели го замени Иван Јуриќ на клупата на Џенова.
Поранешниот селектор на Италија и шеф на стручниот штаб на Фиорентина оваа недела стана веќе третиот тренер на Џенова оваа сезона, со оглед на тоа што Јуриќ го замени Давид Валардини.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Бидејќи нешто порано Давиде Никола дојде на кормилото на Удинезе наместо Шпанецот Јулие Веласкез, во Серија А не остана ниту еден тренер странец.
Последен пат сите тренери во Серија А беа Италијанци во сезоната 2006/07, но тогаш оваа ситуација не траеше долго, бидејќи на клупата на Парма, на полу сезона, пристигна Хектор Купер.