Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.
Тимот на Филаделфија после поразот од Рапторси се врати на победничките патеки и вчера во Детроит ги совладаа Пистонси со 111:117.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако Пистонси на почетокот на третата четвртина имаа и +15 Филаделфија успеа да се врати и во последната четвртина да обезбеди победа.
Екипата од Филаделфија беше предводена од одличниот Џими Батлер со 38 поени, додека кај Детроит најефикасен беше Блејк Грифин. Грифин освен поените имаше учинок и од 12 скокови и 6 асистенции.
И Каваи Леонард имаше уште еден одличен настап во дресот на Торонто, но неговиот тим беше поразен во Бруклин после продолженија со резултат 106:105.
Кај Нетси најефикасен беше Д’Анџело Расел со 29 поени, додека Каваи Леонард натпреварот го заврши со 32 поени.
Лаури Марканен кој што туку се опорави од повредата вчера погоди шут за победа на Чикаго против Булс со резултат 114:112.
Lauri Markkanen. Game-winner.
Welcome back. pic.twitter.com/puOEfIVAAY
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 8, 2018
Марканен собра вкупно 24 поени, додека најефикасен кај Булси беше Лавин со поен повеќе.
Нов одличен настап имаше Леброн Џејмс, но тоа не им помогна на Лејкерси да го избегнат поразот во Сан Антонио.
Сан Антонио славеше победа со резултат 133:120 предводени од фантастичниот Демар Дерозан кој уфрли 36 поени (осум скокови и девет асистенции).
Кај Лејкерси Леброн запиша 35 поени, осум скокови и 11 асистенции, додека Кузма додаде 27 поени.
Голден Стејт славеше победа против Милвоки со 95:105. Најефикасен играч на натпреварот беше Антетокоунпо со 22 поени, освен тоа тој имаше 15 скокови и пет асистенции. Во редовите на Голден Стејт Кари и Томпсон уфрлија по 20 поени.
НБА резултати:
Шарлот – Денвер 113:107
Детроит – Филаделфија 111:117
Орландо – Индијана 90:112
Бруклин – Торонто 106:105
Кливленд – Сакраменто 110:129
Чикаго – Оклахома 114:112
Њу Орлеанс – Мемфис 103:107
Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс 133 – 120
Феникс – Мајами 98:115
Милвоки – Голден Стејт 95:105