Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар најави дека во иднина би можел да заигра во Премиер лигата.
Нејмар често пати во медиумите се поврзува со заминување од Пари Сен Жермен, а во еден период на Островот се пишуваше и дека Манчестер Јунајтед наводно покажал интерес за неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот постигна 43 погодоци на 48 натпревари откако ја напушти Барселона и премина во редовите на „светците“.
Ѕвездата на ПСЖ сега доби прашање од играчот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди дали би размислил ако добие понуда од Премиер лигата.
„Никој не знае што ќе се случи, но верувам дека секој голем играч барем еден ден мора да игра во Премиер лигата. Се надевам дека ти ќе продолжил да уживаш таму бидејќи го заслужуваш само најдоброто“, одговори Нејмар.
Помеѓу другите прашање на Нејмар му постави и Луис Суарез, него го интересираше зошто Нејмар често ја менува фризурата.
„Не знам, сакам да ги менувам работите, а косата е првата работа кога сакам да пробам нешто ново. Не знам зошто сакам да се глупирам, но всушност знам дека тебе тоа ти се допаѓа. Помалку сум луд и можам се“, порача Нејмар.
https://youtu.be/ZZLhMPn9NQc