Дома Фудбал Останато Модриќ: Сега сите знаат дека фудбалот не е само голови и голови!

Модриќ: Сега сите знаат дека фудбалот не е само голови и голови!

Новиот носител на „Златната топка“, Лука Модриќ не може да ја сокрие радоста за престижното признание.

Модриќ оваа година ги собра сите индивидуални награди, па беше проглесан за најдобар играч и според ФИФА и УЕФА.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Патот беше долг и тежок, но затоа сум посреќен за тоа што ми се случува. Меѓутоа, сите овие награди имаат подобар вкус кога знаеш дека никој ништо не ти дал на подарок. Се што сум постигнал е резултат на макотрпна работа“, истакна Модриќ.

„Ме прави среќен фактот што луѓето најпосле осознаа дека фудбалот не е само голови, голови и голови. Вистина е дека за тоа требаше многу, освоив три последователни ЛШ и стигнав со финале на Мундијалот со Хрватска“, додаде Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На Ливерпул вакво нешто не му се случило цела деценија!

Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер …