Eл Хаџи-Диуф е најдобариот сенегалски фудбалер на сите времиња и еден од најдобрите играчи на СП во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.
Овој фудбалер вчера за француски „РМЦ Спорт“ го прокоментира доделувањето на „Златната топка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Модриќ беше прогласен за победник, поранешниот играч на Ливерпул откри нешто интересно кое на јавноста и беше малку познато.
„Модриќ како млад дојде во Марсеј на проба, но тие многу брзо го вратија дома. Неверојатно“, изјави Хаџи-Диуф.
?? El-Hadji Diouf : "Quand Luka Modric était jeune, il était venu à Marseille pour faire des tests… on lui a dit de rentrer chez lui" ?⚪
? Le double #BallonDor africain invité de #Footissime sur #RMCSport 1 ?#RMClive #TeamOM #BallonDor2018 #OM #BallonDOr pic.twitter.com/QopwDxOHT8
— RMC Sport (@RMCsport) December 3, 2018
Потоа тој порача дека според него Модриќ заслужено го освоил ова признание.
„Доколку „Златната топка“ се доделуваше на колектив, Франција без дилеми ќе ја заслужеше. Вака нема дилеми, Модриќ имаше година од соништата“, истакна Диуф.