Дома Фудбал Останато Што правеа Меси и Нејмар за време на доделувањето на Златната топка?

Што правеа Меси и Нејмар за време на доделувањето на Златната топка?

Лука Модриќ синоќа беше избран за најдобар фудбалер на светот и ја доби „Златната топка“, а во финалето ги победи Кристиано Роналдо и Антоан Гризман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Така Модриќ ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо, кои владееа со фудбалот изминатите 10 години, а синоќа се покажаа како лоши „губитници“ и не се појавија на церемонијата во Париз, исто како и Нејмар.

Во генералниот пласман Меси заврши на 5-то место, а Нејмар се најде на разочарувачкото 12-то место.

Сепак, многумина се налутија што овие тројца фудбалери не присуствува на церемонијата. Меѓутоа, Меси и Нејмар беа активни на социјалните мрежи, па открија што прават додека се доделува Златната топка.

Очигледно тоа не ги интересирало многу, па Меси се дружеше со своите синови, а Бразилецот играше „Call of Duty“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Звер од над 100 милиони го заменува Мохамед Салах во Ливерпул!

Една ера во Ливерпул завршува. Заминувањето на Мохамед Салах, а веројатно и на Вирџил ван …