Лука Модриќ вчера ја освои „Златната топка“, а ваквото сценарио не им се допадна на блиските на Кристиано Роналдо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најжестока беше сестрата на Роналдо, Елма Авеиро која преку својот Инстаграм профил не бираше зборови кога го критикуваше реномираниот „Франс Фудбал“.
Според Елма, победата на Модриќ не е заслужена и смета дека своја улога одиграла корупцијата.
„За несреќа ова е свет кој живее од корупција и мафија. Божјата моќ е поголема од сето тоа. Бог задоцнува, но не заборава“, порача Авеиро преку нејзиниот Инстаграм профил покрај фотографијата од Роналдо.
Ќе потсетиме, Роналдо не се појави на церемонијата, а Модриќ во гласањето освои 753 бодови, додека Португалецот се најде на втората позиција со 478 освоени поени.
