Дома Останати Кошарка Проработе триото на шампионот, Јокиќ со трипл-дабл го одведе Денвер до победа (ВИДЕО)

Проработе триото на шампионот, Јокиќ со трипл-дабл го одведе Денвер до победа (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.

После два порази во низа, актуелниот шампион Голден Стејт славеше гостинска победа против Атланта со резултат 128:111, одличен настап имаше водечкото трио на „Вориорси“. Кари постигна 30, Дурант 28, а Томпсон 27 поени, додека во тимот на Атланта најдобар беше Колинс со 24.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денвер како гостин славеше против Торонто со 106:103, најмногу благодарение на Никола Јокиќ кој одигра уште еден одличен натпревар. Српскиот центар оствари трипл-дабл со 23 поени, 15 асистенции и 11 скокови за 35 минути поминати на теренот.

Во тимот на Торонто најефикасен беше Леонард со 27 поени, додека во Денвер се истакна и Мареј со 21 поен.

 

Најефикасниот меч беше одигран во Њу Орлеанс каде што Клиперси го победија домаќинот со 129:126. Победничкиот тим до овој триумф ги предводеше Харис со 27 поени, додека во Њу Орлеанс најрасположен беше Рендл со 37 и Холидеј со 32 поени, тој додаде и 14 асистенции.

Оклахома со резултат 103:83 беше подобра од Детроит (Адамс 21, Грифин 20, Вестбрук 18). Минесота го порази Хјустон 103:91 (Харден 29, Таунс 24), Вашингтон беше подобар од Њу Јорк Никси со 110:107 (Бил 27, Хардвеј 20), додека Бруклин на свој паркет изгуби од Кливленд со 99:97 (Расел 30, Кларксон 20).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ промаши тројка и не го спаси Денвер од пораз: Жал ми е (Видео)

Никола Јокиќ жали што не ја подаде топката на Џамал Мареј во последните секунди од мечот с…