Турскиот гигант Фенебахче поминува низ тешки моменти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фенербахче во 14 колo од турската Супер лига запиша само три победи, има пет нерешени средби и дури шест порази.
Вечерва клубот за која настапува нашиот Елиф Елмас освои само бод против Кашимпаша (2:2), а тој бод е доболен за Фенер да биде само еден бод над опасната зона!
Диагне промаши пенал за гостите во осмата минута, но во 22 минута се „извади“ и постигна гол за 0:1. Неустдатер изедначи во 44-та минута, за со автоголот на Чек Фенер да направи пресврт.
Иако навивачите на домашниот тим се надеваа дека нивниот тим конечно ќе победи, следуваше нов шок. Диагне во 54-тата минута погоди за конечни 2:2.
Фенер сега се наоѓа на 15-тата позиција со 14 бодови, а зад него се само Акишар (13), Кајсериспор (12) и Ризеспорт (10).
