Дома Фудбал Видео: Атлетико едвај до бод против Џирона!

Видео: Атлетико едвај до бод против Џирона!

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со автогол се спасија од пораз на гостувањето кај Џирона и одиграа 1:1.

Џирона водеше скоро цело второ полувреме, отако Стуани постигна гол за водство во 45-та минута од белата точка.

„Јорганџиите“ во второто полувреме се обидуваа да изедначат и ја имаа иницијативата, но не создадоа големи шанси.

Сепак, на осум минути пред крајот со помош на домашниот фудбалер Ромаљо, кој си постигна автогол, стигнаа до израмнување (1:1).

После овој меч Атлетико остана на 3-то место на табелата со 25 бода, позади Севиља и Барселона.

https://youtu.be/jr0m87jm29I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коло Муани направи операција, но нема да пропушти натпревари на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Рандал Коло Муани, настрада при победата над Аталанта со 2:0 во нат…