Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен откри дека ја игра последната сезона за гермнаскиот гигант Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Робен денес полни 34 години, но се уште игра на врвно ниво, што покажа и пред неколку дена кога постигна два гола во Лигата на шампиони.
Сепак, Холанѓанецот призна дека на крајот на сезоната ќе си замине од Баерн Минхен.
„Ова е мојата последна сезона во Баерн. Ова навистина беа прекрасни десет години“, порача Робен.
Робен пристигна во Баерн во 2009 година од Реал Мадрид и од тогаш одигра 198 натпревари во Бундеслигата на кои постигна 98 гола.
Холанѓанецот со Баерн освои се што можеше да се освои, а се уште не откри дали ќе стави крај на кариерата или ќе се впушти во нова авантура.
https://youtu.be/tyhxQATIQ-0